Слободна Зона

Wednesday, August 15, 2012

Театарска претстава ,,Во потрага по Данил Хармс“



Испитна претстава на студентите по актерска игра од трета година на факултетот за драмски уметности - Скопје.
Класата ја водат ред. проф. Владимир Милчин, вон. проф. Сузана Киранџиска и асс. Кристина Леловац

Индивидуалните и групни импровизации, инспирирани од кратките раскази на Данил Хармс, меѓу кои „Стариците што паѓаат“, „Симфонија“, „Почеток на убавиот летен ден“, „Случки“, неговите песни „Несега“, „Пиф Паф Пуф“ и „Милион“, неговите кратки дневнички записи и документите од истрагите и судењето во процесот воден против него од НКВД како против антисоветски елемент, се основа на „Во потрага по Данил Хармс“. Испревртениот свет од литературата на Хармс – недостатокот на логика и конкретност, постојаното испреплетување на реалноста и фантазијата, на сништата и кошмарите, карактерите без индивидуалност и интегритет и неочекуваните пресврти – ја сочинуваат тематската рамка на претставата. Сепак, претставата раскажува и приказна за луѓе кои живеат во свет во кој дури и најситното отклонување од толпата е детектирано како сомнително и најтивкиот шепот е дочуен и запишан да биде употребен во некоја обвинителна постапка.
„Во потрага по Данил Хармс“ во Виница ќе ја има својата трета изведба воопшто. Во јуни годинава учествуваше на интернационален фестивал во Братислава – Istropolitana Project 2012, избрана со конкуренти од цел свет.






Играат: Дениз Абдула, Ивана Атанасова, Ирена Илиевска, Мартин Јовчевски, Бојан Лазаров, Емилија Мицевска, Александар Михајловски, Мартин Петровски,  Жарко Спасовски, Дени Стојанов, Наталија Теодосиева, Игор Трајковски, Александар Велјановски



петок, 31 август
локација: Сина сала (Дом на култура)
почеток: 20:00ч.
влез: 50 ден.

*Картите можат да се подигнат во кафе ВИП и во Домот на културата



Настап на Billy Esteban

локација: лапидариум (Музеј на град Виница)
почеток: 19:30 часот


Billy Esteban е музичар од с. Истибања кој ќе изведе етно-амбиентални композиции со негова сопствена авторска музика и аранжмани. Слушнете некои од неговите композиции издадени на неговото цеде My Freedom:









Tuesday, August 14, 2012

Театарски претстави ,,Стаклена менажерија“ и ,,Тетоважата роза‘‘



Театарски претстави ,,Стаклена менажерија“ и ,,Тетоважата роза’’ - Тенеси Вилијамс


Испитни претстави на студентите по театарска режија од втора година на факултетот за драмски уметности – Скопје.
Класата ја водат ред. проф. Слободан Унковски, вон. проф. Златко Славенски и дем. Куштрим Бектеши.
Двете претстави се занимаваат со текстовите на еден ист автор, разработувајќи го неговиот поетски реализам со кој владее во педесетите во Америка. Вилијамсовиот порив за постигнување психолошка проникливост, сексуална отвореност и универзална вистина во креирањето на ликови инспирирани од оние „од Бога отфрлените“, создава еден своевиден модел за голем број драмски автори и ги преокупира умовите на поголемиот дел од поствоената публика. Како тоа го гледаат овие млади режисери?




,,Стаклена менажерија’’ - во режија на Драгана Стојчевска

Играат: Бојан Лазаров, Наталија Теодосиева, Ангела Стојановска и Мартин Манев


локација: Сина сала (Дом на култура)

почеток: 20:30ч. (четврток, 30 август)

влез: 60 ден. (Блок карта за ,,Стаклена менажерија’’ и ,,Тетоважата роза’’)
*
Претставата „Стаклена менажерија“ е камерна и бројот на картите е ограничен. Со купување на карта за оваа претстава добивате карта и за наредната, „Тетоважата роза“. Заинтересираните само за втората претстава, можат да купат поеднечна карта по цена од 40 ден.






,,Тетоважата роза‘‘- во режија на Милош Б. Андоновски

Играат: Ивана Атанасова, Денчи Димоковска, Александар Михајловски и Мартин Петровски 

локација: Сина сала (Дом на култура)

почеток: 21:45ч. (четврток, 30 август)

влез: 40 ден.





* Картите можат да се подигнат во кафе ВИП и во Домот на културата





Стрип работилница со Дарко Богданов, Игор Јовчевски и Јордан Коцевски



Стрип работилницата со Дарко Богданов, Игор Јовчевски и Јордан Коцевски ќе биде одржана во галеријата ,,Теракота’’ на 29ти и 30ти август од 10 до 16 часот.


Сите заинтересирани за учество во истата нека се обратат кај Маријана Иванова или Дарко Богданов. Бројот на учесници е ограничен, побрзајте со пријавувањето!





http://darbog-darkmore.blogspot.com/
http://igorcomics.blogspot.com/



Слободна зона warm up party со Маријана Иванова



локација: Кафе ВИП
почеток: 22:00 ч.
жанрови на плејлистата: indie rock, post-punk, garage rock, surf rock, alternative, electronic &  бендовите од овогодинешниот фестивал



Monday, August 13, 2012

перформанс ,,КОНФУЗИЈА’’

СЛОБОДНА ЗОНА 3 во соработка со Институтот ЕвроБалкан - Скопје ви го претставува перформансот КОНФУЗИЈА во режија на Билјана Радиноска. Повелете на отворањето, 27 август во лапидариумот на Музеј на град Виница со почеток во 21 часот.




Театaрскиот перформанс „КонФузија“ е создаден од десетина креативци, директно и индиректно поврзани со театарската, музичката, ликовната уметност, низ интимен процес на истражување. КонФузија е сублимат, од седум кратки раскази, напишани од самите учесници, приказна која се раскажува низ патување во разни состојби, расположенија и копнежи на ликовите. КонФузија во себе крие две гледишта, она кое постои како реално и она кое секој го носи во себе, свет без единици мерки, свет на копнеење. Копнеж за 
промена, копнеж за љубов, копнеж за вистина, копнеж за бидување. 




Играат:
Кристина Леловац, Викторија Илиоска, Ангела Димитрова


Автори на драматуршка предлошка:
Кристина Трајановска, Кристина Леловац, Иванка Апостолова, Ненад Тонкин, Викторија Илиоска, Јордан Шишовски, Инес Ефремова, Билјана Радиноска 


Костимограф:
Мелани Димитрова


Дизајн на видео и плакат:
Инес Ефремова


Музика:
Ненад Тонкин


Драматургија:
Кристина Трајановска 


Режија:
Билјана Радиноска


Координатори и техничка eкипа: Валентина Гоцевска, Јордан Шишовски, Иванка Апостолова, Александра Велева, Кристина Трајановска, Игор Панев







  Копнеж за промена, копнеж за љубов, копнеж за вистина, копнеж за бидување.




КонФузија

OFF - програма за СЛОБОДНА ЗОНА 3


27 АВГУСТ

-➢  Настап на Billy Esteban      повеќе инфо тука

- Перформанс Конфузија (режија: Билјана Радиноска)       повеќе инфо тука

-➢  Слободна зона warm up party со Маријана Иванова        повеќе инфо тука




28 АВГУСТ

-➢  Графити арт перформанс  (Хром и Руки)




29 АВГУСТ


-  Стрип работилница со Дарко Богданов, Игор Јовчевски и Јордан Коцевски и изложба на делата од работлницата       повеќе инфо тука




30 АВГУСТ


-➢  Театарска претстава ,,Стаклена менажерија“ - Тенеси Вилијамс во режија на Драгана Стојчевска      повеќе инфо тука


-➢  Театарска претстава ,,Тетоважата роза“ - Тенеси Вилијамс во режија на Милош Б. Андоновски       повеќе инфо тука





31 АВГУСТ


-➢  Изложба на фотографии ,,Елегија за старата железничка‘‘ на Наташа Гелева              повеќе инфо тука

-➢  Театарска претстава ,,Во потрага по Данил Хармс“ (испитна претстава на студентите по актерска игра од трета година на ФДУ)        повеќе инфо тука

-➢  Презентација на видеатае на Јане Алтипармаков и Наташа Гелева + инсталација на Калц и Јане               повеќе инфо тука

-➢  DJ set на Martchin (OffPop)            повеќе инфо тука




1 СЕПТЕМВРИ

-➢  Изложба: II меѓународна керамичка колонија ,,Св. Андреј‘‘     повеќе инфо тука