Слободна Зона

Wednesday, October 17, 2012

Remember, remember the 1st of September...





Номадуз: "Со толку ногу енергија на едно место можехме да осветлеме слогашкото игралиште"



Дамјан Маневски (Молокаи):Можеби повеќето од нашите градови сакат да се пофалат со тоа како ги донесле најголемите ѕвезди од балканот, па и од светот (тежнеејќи кон некоја "шема"), но Виница ова лето ни покажа дека сепак работите не тргнале толку на удолу. Со доста труд и многу љубов кон тоа што го прават, СЛОБОДНА ЗОНА фестивал оваа година покажаа дека мали гратчиња како Виница, можат да станат редовна дестинација за бендови од сите ќошиња на светот, се додека пасијата за добра музика е пристуна.




Љубомир Ангелов (The John): „Слободна зона 3 беше доказ за тоа како со внимателно избрани бендови, кои и не се толку познати на пошироката народна маса, може да се направи една квалитетна забава, како за поновите, така и за постарите генерации.“




Васко Атанасовски (Хaxaxa): „Виница по трет пат претставува пример за сите нас. Фестивалот СЛОБОДНА ЗОНА успеа да го стави градот на културната мапа на Македонија а воедно тимот кој го организира восхитува со својот ентузијазам и посветеност. Влијанието кое овој фестивал го остава на младите креативци од Виница допрва ќе следи.




Stuttgart Online: „Zadivljujuće neočekivan provod u Vinici...dovezli smo se prepunim autobusom iz Skoplja, raspoloženje i entuzijazam su bili na vrhuncu, kao i komarci koji su nas izjeli u parku gde smo svirali, ali ni to nije bilo dovoljno da poljulja energiju ne samo nas već i svih ostalih odličnih bendova koji su nastupali to veče....sve u svemu, divan provod, dobri domaćini, jos bolja mlada i optimistična publika. Zadovoljstvo nam je bilo biti deo te priče. Svakako se vidimo neki idući put...Živeli!




Симс Паркет(Паркети): „Фестивалот во Виница кој се одржа на 1 септември на којшто покрај другите бендови свиревме и ние, Паркети, беше прекрасно организиран- убаво не пречекаа, бината и озвучувањето беа на ниво, публиката во голем број – едноставно се докажа дека рокенролот е една прекрасна работа која ги зближува добрите луѓе. Нам ќе ни остане овој фестивал во добро сеќавање.“




Сашко Костов (Сашко Костов and The Waiting Waits): „Настапот на Слободна зона 3 впрочем беше и мое прво доаѓање во Виница. Да не беше овој фестивал не ќе дојдевме никогаш во Виница со мојот бенд. Еден мал и убав град кој плени со убава енергија. Да не должам премногу, ќе кажам дека ние убаво си поминавме. Паркот во кој свиревме не натера без никакви резерви да ги истуриме нашите емоции, а другите градови, помали или поголеми, можат да учат како се подига фестивал кој станува традиција.“




Diaz Kortez: Прекрасно се чувствував! Фестивалот беше одличен. Беше опфатено се што треба да биде култура на живеење на секој млад човек, во било кој град. Мило ми е што на некој начин покажавме дека и мало место како Виница, знае да направи одличен фестивал со европски нишани. Еден пријател, на фестивалот ми рече дека млади луѓе од Европа треба да бидат тука. Тоа воопшто не беше претенциозно.




Тони Димков, неделен магазин „Граѓански“: Првата посета на фестивалот „Слободна зона“ не значеше дека прв пат сум бил во Виница. Напротив, многу често сум поминувал низ градот, но само еднаш сум го посетил локалитетот „Виничко кале“ и два пати сум застанал на кафе. И толку. Имајќи ја предвид музичката програма на годинашното издание, сигурен сум дека во иднина фестивалот „Слободна зона“ барем еднаш годишно ќе ме привлече во малото, тивко и симпатично гратче во источниот дел на државата. Тоа е најзначајната димензија на виничкиот фестивал на независна уметност - патниците кои поминуваат да ги направи патници кои остануваа во градот, барем два-три дена годишно. Во однос на програмата на третото издание на „Слободна зона“ можам да кажам дека беше внимателно селектирана, изборот на групите и нивните настапи беа одлични, додека атмосферата беше многу спонтана во убавиот амбиент на Градскиот парк. Тоа што најмногу ме израдува беа групите млади луѓе кои имаа можност да се запознаат со вистинските вредности на независната музичка сцена.




Ѓорги Јаневски, Канал 103: „
Фестивалот Слободна Зона е успешен пример за тоа како треба да изгледа и да се применува децентрализацијата на културата. Фестивалот понуди одлична програма која го надминува локалниот контекст. За многу луѓе кои присуствуваа, тоа беше прва посета на Виница. Убеден сум, не и последна. 

И покрај неколкуте одлични концертни настапи, најсветлата точка на фестивалот беа децата во првите редови кои танцуваа и се иницираа на добра рокенрол музика. Има надеж.




Тошо Филиповски, проследувач на македонскиот рокенрол: „Последните денови од август Виница беше вистинска културна СЛОБОДНА ЗОНА во Р. Македонија. Одбрамбениот бедем од напливот на кичот кој цело лето ја „тресеше“ Македонија... Саардисани од сите страни, спасот ввредеше да го побараме во Виница (како што претходно го побаравме во Гевгелија (Бош фестивал) или Битола (АКТО фестивал)... Квалитетната мултимедијална културна содржина што ја нудеше еден „мал“ фестивал (во зародиш) во едно мало место без некоја поразвиена/поекспонирана културна традиција со модерен предзнак, беше вистински предизвик за неколку стотини љубители од цела Македонија да тргнат на пат кон Виница... и да уживаат!!!
            Уште еднаш ми се потврди тезата дека спојот на енергија и креативност кај неколкумина ентузијасти, од една страна, и разбирање и подршка (иако истата може и мора да се зголемува веќе од наредната година) од страна на локалната власт, секогаш е полн погодок во смисла на одлична организација, квалитетни културни настани и задоволувачка (секогаш мора да се размислува за повеќе и подобро, нели?) посетеност... Факторот време пак ќе го покаже културниот импакт од ваквите настани врз локалното население, кое несомнено мора да доведе до појава на локални уметнички изблици и зголемена потреба од квалитетен културен живот на локалното население.
            Сепак, сакам да верувам и во пошироката инфлуенца на овој настан, во едно тектонско „размрдување“ на регионот, пред се на градот кој иако го имаше „титуларот“ Град на Културата (Кочани), сепак не успеа/ва да направи ни приближно квалитетен културен настан како овој на кој присуствував, во Виница.
            Затоа, поентата на оваа изјава нека биде и една мала сугестијадо локалната власт во Виница, за активен пристап кон добивање на статусот Град на Културата 2013 но со содржини кои ќе протежирааат модерни културни тенденции... па, СЛОБОДНА ЗОНА 4, очекувајте ме.''





Кирил Арсов (ОЗТ Фабрика, Слободна зона): „Ако некој спомеше, до пред само 3 години, дека низ Виница ќе продефилира скоро целата македонска независна рокенрол сцена, и тоа дел од неа неколку пати, ќе си помислев дека е безнадежен сонувач на кого му нема спас. Нешто слично како и јас самиот. Оние што ме познаваат подолго, знаат дека овој сон го сонувам од раните тинејџерски години. За среќа, или несреќа, си останав тинејџер до ден денес, а сонот, како во некоја бајка, се оствари.
Зад нас е третото издание на фестивалот Слободна зона кое оваа година имаше најабициозна програма, во шест фестивалски денови. Кулминацијата беше достигната последната вечер, кога на сцената во прекрасниот амбиент во Градскиот парк продефилираа најактуелните македонски бендови (велам, најактуелни, затоа што оние кој ја следат македонската рокенрол сцена знаат дека сите бендови кои ни беа на гости имаат нови и свежи изданија, сите беа пред европска турнеја, или тукушто се вратија од турнеја). На гости ни беше кремот на македонската независна сцена, а вишната на кремот беа ексклузивните гости од Белград, Штутгарт онлајн. Оние кои го проследија концертот, верувам дека ќе го прераскажуваат. Нас емоциите ќе не држат „хај“ до следната година. До следното четврто издание на Слободна зона.“