Слободна Зона

Wednesday, August 15, 2012

Театарска претстава ,,Во потрага по Данил Хармс“



Испитна претстава на студентите по актерска игра од трета година на факултетот за драмски уметности - Скопје.
Класата ја водат ред. проф. Владимир Милчин, вон. проф. Сузана Киранџиска и асс. Кристина Леловац

Индивидуалните и групни импровизации, инспирирани од кратките раскази на Данил Хармс, меѓу кои „Стариците што паѓаат“, „Симфонија“, „Почеток на убавиот летен ден“, „Случки“, неговите песни „Несега“, „Пиф Паф Пуф“ и „Милион“, неговите кратки дневнички записи и документите од истрагите и судењето во процесот воден против него од НКВД како против антисоветски елемент, се основа на „Во потрага по Данил Хармс“. Испревртениот свет од литературата на Хармс – недостатокот на логика и конкретност, постојаното испреплетување на реалноста и фантазијата, на сништата и кошмарите, карактерите без индивидуалност и интегритет и неочекуваните пресврти – ја сочинуваат тематската рамка на претставата. Сепак, претставата раскажува и приказна за луѓе кои живеат во свет во кој дури и најситното отклонување од толпата е детектирано како сомнително и најтивкиот шепот е дочуен и запишан да биде употребен во некоја обвинителна постапка.
„Во потрага по Данил Хармс“ во Виница ќе ја има својата трета изведба воопшто. Во јуни годинава учествуваше на интернационален фестивал во Братислава – Istropolitana Project 2012, избрана со конкуренти од цел свет.






Играат: Дениз Абдула, Ивана Атанасова, Ирена Илиевска, Мартин Јовчевски, Бојан Лазаров, Емилија Мицевска, Александар Михајловски, Мартин Петровски,  Жарко Спасовски, Дени Стојанов, Наталија Теодосиева, Игор Трајковски, Александар Велјановски



петок, 31 август
локација: Сина сала (Дом на култура)
почеток: 20:00ч.
влез: 50 ден.

*Картите можат да се подигнат во кафе ВИП и во Домот на културата



No comments:

Post a Comment