Слободна Зона

Sunday, August 19, 2012

Презентација на видеата на Јане Алтипармаков и Наташа Гелева + инсталација 'THE DREAM ABOUT THE MOUTHLESS'

локација: кафе Queen
почеток: 22:30ч.

>> Презентација на видеата за Mooger Fooger, Сашко Костов, Хахаха... на Јане Алтипармаков и Наташа Гелева


>> ИГОР КАЛЦ, ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ – 'THE DREAM ABOUT THE MOUTHLESS'
(Сонот за човекот без уста), е видеоарт проект, во кој со надреалистички манир е претставена човековата потсвест во момент на сонување. Со помош на случајно избрани видео-сегменти, надреалистичка проза и психоделични аудиовизуелизации кои предизвикуваат ефект на хипноза, се доловува човечкиот ум, кој сосем ослободен од стегите на рационализмот, произведува чудни, необични и необјасниви визури. Се опишуваат различните доживувања на слободниот ум во фаза на несвесност.
Овој концепт е осмислен од ИГОР КАЛЦ, а на негов повик за соработка се приклучи и ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ, кој со своето искуство и знаење во областа на филмот и режијата даде свој препознатлив белег, и стана дел од овој проект. Огромен придонес во реализацијата дадоа и Горан Атанасовски - Роботек и Теа Шалдева. Видеоартот е инспириран од истоимената слика, која е дело на авторот.
Овој видеоарт е предвидено, со време да се развива и да добива свои продолженија и доработки, со кои преку пат на прогресивност би се достигнала одредена точка на кулминирање.
ИГОР КАЛЦ е дипломиран историчар на уметност и уметник. Со свои проекти има учествувано на неколку групни изложби. Аматерски се занимава и со филмска рецензија. ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ е дипломиран филмски режисер и долгогодишен филмси рецензент и работник во таа област. Зад него стојат повеќе сериозни проекти, меѓу кои и учество во "Скопје Ремикс".







No comments:

Post a Comment