Слободна Зона

Wednesday, August 22, 2012

DJ set на Martchin (OffPop)

локација: кафе Queen
почеток: 23:00ч. (31 август)


Martchin започнува да се занимава со музика од 7 годишна возраст кога посетува музичко училиште и свири виолина се до неговата 15 година. 
Од 2003 година тој е дел од тимот организатори и уредници на музичкиот webzine "skopjesburning". Истата година, има радио емисија "Skopje's Burning" на Канал 103 и започнува да пушта музика низ скопските клубови. 
Од 2006 г. е дел од колективот OffPop кој работи на ширење на електронската музика и култура во комбинација со уметност и експериментални филмови. 
Во 2009 г. станува дел од организацискиот тим на de:sonanz festival во Скопје, фестивал за електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми:

http://www.desonanz.org.mk/

Има настапувано во повеќе градови во земјава со свои резидент вечери. Музиката што ја пушта се движи од trippy techno, electro, acid house, ebm, psychedelic disco, new wave, post punk, kraut, dub...
Дел од артистите со кои досега им настапувано се: Poligraf [Bosnia and Herzegovina], REPETITOR [Serbia], Lukatoyboy [Serbia], dj Moodswinger [Serbia], Piece of Shh...[Serbia], Jan Nemecek [Serbia], Tijana Kabic [Serbia], A VICTIM OF SOCIETY [Greece], SOMETIME [Iceland], FM BELFAST [Iceland], MARCUS BEUTER [Germany], ALEC EMPIRE [Germany], T.RAUMSCHMIERE [Germany], TERENCE FIXMER [France], Mi [USA]...

http://soundcloud.com/martchin-offpop



Sunday, August 19, 2012

Изложба на фотографии ,,Елегија за старата железничка‘‘ на Наташа Гелева


локација: галерија ,,Теракота‘‘
отворање: 19:00ч.


Елегијата како поетска форма изразува тивка тага и болка заради тоа што сè во светот е непостојано и минливо. Фотографијата сама по себе како медиум е нем бунт против непостојаноста. Еден момент се замрзнува во времето и станува сведоштво на минливоста. Се вели „Сè е минливо, само уметноста е вечна“. Тоа е вистинската вредност на уметноста - нејзината истрајност... „Елегијата“ на Наташа Гелева е визуелна ламентација врз уништените вредности кои требаше да бидат вечни. Заробени во фотографската рамка моментите стануваат сведоштво на непостојаноста како клучен принцип на постоењето. Субјектот во фотографиите се вклопува во пејзажот, моделот стои исправен пред руините на времето, служи како поткрепа и му дава живост и еластичност на мртвиот пејзаж. Човечкиот фактор е столбот кој ѝ дава хармоничност и потпора на деструираната убавина на рушевините. Самиот субјект не тера и да помислиме на историската улога на секоја индивидуа. Градителите ќе градат, рушителите ќе рушат, тоа е во согласност со космичките принципи на создавањето и уништувањето, креацијата и нејзината деструкција. Она што фотографиите на Наташа Гелева сакаат да ни го пренесат како порака е дека секој треба да ја чувствува одговорноста за зачувувањето и создавањето наубавината, дека човечкиот фактор е столбот кој ја воспоставува или, пак, ја нарушува рамнотежата. Во фотографиите од оваа серија наречена „Елегија за Старата железничка“ човечкиот објект како да се труди да ја воспостави пак таа рамнотежа во усилбите комплетно да се вклопи во рушевината, да биде нејзина „жива“ закрепа, последен столб кој ја држи целината заедно. Забележлив е грчот за да се одржи таа состојба, како последна усилба да се задржи времето и како признавање на поразот и слабоста на човечката природа. Оттаму е и лиричноста на фотографиите од изложбата кои се визуелни елегии и занемен бунт против времето кое одминува.
                                                                                                     Менче Здравкова




Презентација на видеата на Јане Алтипармаков и Наташа Гелева + инсталација 'THE DREAM ABOUT THE MOUTHLESS'

локација: кафе Queen
почеток: 22:30ч.

>> Презентација на видеата за Mooger Fooger, Сашко Костов, Хахаха... на Јане Алтипармаков и Наташа Гелева


>> ИГОР КАЛЦ, ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ – 'THE DREAM ABOUT THE MOUTHLESS'
(Сонот за човекот без уста), е видеоарт проект, во кој со надреалистички манир е претставена човековата потсвест во момент на сонување. Со помош на случајно избрани видео-сегменти, надреалистичка проза и психоделични аудиовизуелизации кои предизвикуваат ефект на хипноза, се доловува човечкиот ум, кој сосем ослободен од стегите на рационализмот, произведува чудни, необични и необјасниви визури. Се опишуваат различните доживувања на слободниот ум во фаза на несвесност.
Овој концепт е осмислен од ИГОР КАЛЦ, а на негов повик за соработка се приклучи и ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ, кој со своето искуство и знаење во областа на филмот и режијата даде свој препознатлив белег, и стана дел од овој проект. Огромен придонес во реализацијата дадоа и Горан Атанасовски - Роботек и Теа Шалдева. Видеоартот е инспириран од истоимената слика, која е дело на авторот.
Овој видеоарт е предвидено, со време да се развива и да добива свои продолженија и доработки, со кои преку пат на прогресивност би се достигнала одредена точка на кулминирање.
ИГОР КАЛЦ е дипломиран историчар на уметност и уметник. Со свои проекти има учествувано на неколку групни изложби. Аматерски се занимава и со филмска рецензија. ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ е дипломиран филмски режисер и долгогодишен филмси рецензент и работник во таа област. Зад него стојат повеќе сериозни проекти, меѓу кои и учество во "Скопје Ремикс".







Saturday, August 18, 2012

САШКО КОСТОВ & THE WAITING WAITS @ Слободна Зона 3


Сашко Kостов е мулти-инструменталист кој води до кулминација на инспирацијата - музика која е тесно врзан за неговите влијанија и потекло. Со првото слушање, и покрај сложеноста на неговите композиции, тие допираат до публиката и не ја оставаат рамнодушна. Работејќи на музичката сцена уште од 1995 година, Сашко Костов брзо си наоѓа место во индустријата, за фокусирање на неговата соло кариера. Костов твори интригантен звук, и во исто време останува верен на сопствените творечки стремежи. Посветен на својот занает и полн со еклектични идеи, овој уметник знае како се користи поетскиот стих за да ги разубави своите музичка тонови и ритми. Вокалите се неговите најмоќното оружје. 





Diaz Kortez @ Слободна Зона 3


Дејан Козовски а.к.а. Diaz Kortez е Dj и продуцент од Виница. Музика слуша, преслушува, собира и пушта уште од тинејџерските денови, од златната ера на хип-хопот. 
Глобалниот „Техно“ бран го зафаќа целосно и не поминува многу време кога освен пуштање музика по забави, сам почнува да продуцира музика. Неговите минати и сегашни влијанија се слушаат во неговите миксови кои вклучуваат различни жанрови од фанк и диско, дип хаус и техно до инди-диско и електро поп.
Моментално во своите миксови како „зачини“ користи лупови, миди-контролери и ефекти давајќи им хипнотички грув журките.


Friday, August 17, 2012

STUTTGART ONLINE @ Слободна Зона 3


Stuttgart Online се оформени во 2006 година во Белград. Веб магазинот Popboks ги прогласуваат за дебитанти на годината во 2007. Во 2009 година го издаваат својот деби албум ,,Radost svakom domacinstvu" за издавачката куќа ,,Одличан хрчак’’. Следуваат турнеи во секој агол на бивша Југославија кадешто бендот создава бројна и квалитетна фан база. Новиот албум ,,Права ствар‘‘ е снимен во текот на 2011 година, а е издаден годинава. Албумот содржи 11 песни и претставува полнокрвна рок плоча со голем број на идни хитови. Stuttgart Online се Бојан Салчала и Марко Баришиќ.








XAXAXA @ Слободна Зона 3


ХАХАХА e трио од Скопје кое ја растресува утробата на слушателот во манирот на Hüsker Dü, Jones Very, Mega City Four, Arhangel, Suns, Last Expedition и Rites of Spring. Одличен ретро флешбек во осумдесетите, но сепак со свеж звук кој носи слична порака. Острите текстови се испеани на македонски јазик, но сепак искреноста во изразувањето која преовладува во песните ги приближува до слушателот без разлика од каде доаѓа. Затворете ги очите, потопете се во звукот и дозволете да ве води. Така сигурно ќе разберете што имаат да ви кажат, а фантастичната музика од позадината може само да ви помогне во тоа! 
ВАСКО АТАНАСОСКИ (ГИТАРА / ВОКАЛ)
ЏАНО КУЧ (ТАПАНИ)
НЕНАД ТРИФУНОВСКИ (БАС)