ХАХАХА e трио од Скопје кое ја растресува утробата на слушателот во манирот на Hüsker Dü, Jones Very, Mega City Four, Arhangel, Suns, Last Expedition и Rites of Spring. Одличен ретро флешбек во осумдесетите, но сепак со свеж звук кој носи слична порака. Острите текстови се испеани на македонски јазик, но сепак искреноста во изразувањето која преовладува во песните ги приближува до слушателот без разлика од каде доаѓа. Затворете ги очите, потопете се во звукот и дозволете да ве води. Така сигурно ќе разберете што имаат да ви кажат, а фантастичната музика од позадината може само да ви помогне во тоа! ВАСКО АТАНАСОСКИ (ГИТАРА / ВОКАЛ) ЏАНО КУЧ (ТАПАНИ) НЕНАД ТРИФУНОВСКИ (БАС)
После неколку години работа со локални бендови ( како Blla Blla Blla, Bei The Fish и ПМГ Колектив) Љупа одлучува да оформи свој сопствен бенд. John се раѓа како диско панк-рок трио во 2007 година во Скопје и по неколку настапи, на самиот почеток, настануваат промени во составот. The John сега се Љупа Ангелов (гитара, вокал), Филип Пајдаков (бас), Дарко Тасевски (гитара, вокал) и Георги Божиков (тапани). Имаат издадено 4 Е.P. - a (Happilysad, The John, Azdis, и Quiet Noise For Export) и едно L.P. - Ти и јас и градот наш.
molokai е сурф-панк трио, кое по грешка наместо на бреговите на Пацификот е родено покрај реката Драгор. Сакајќи да им се приближат на нивните вистински корени, реинкарнациите на три калифорниски сурфери (сега познати како Дамјан Маневски, Бојан Станиќ и Дамјан Грујо), ги комбинираат звуците на сурф бендовите како Slacktone, Laika and the Cosmonauts, Man or Astro-man? и The Atlantics, со енергијата и DIY етиката на Fugazi и хаотичноста на бендови како Polska Malca. molokai постои од јуни 2011, зад себе имаат едно демо ЕР, а наскоро се очекува и нивниот прв албум.
локација: Градски парк - Виница -➢ DJ NOMADUZZ -➢ MOLOKAI повеќе инфотука -➢ THE JOHN повеќе инфотука -➢ XAXAXA повеќе инфотука -➢ STUTTGART ONLINE повеќе инфотука -➢ ПАРКЕТИ -➢ САШКО КОСТОВ & THE WAITING WAITS повеќе инфотука -➢ DIAZ KORTEZ повеќе инфотука
Изложба на делата од Втората меѓународна керамичка колонија СВ. АНДРЕЈ Учесници: Соња Димитрова, Дарко Богданов, Дејан Спасов, Марјан Стојаноски, Марина
Јоноска, Аменун Женева, Јулија Кунова , Теодор Тодоров, Милан Божиновски локација: Градски парк време: 18:30ч. (1 септември)
Испитна
претстава на студентите по актерска игра од трета година на факултетот за
драмски уметности - Скопје.
Класата ја
водат ред. проф. Владимир Милчин, вон. проф. Сузана Киранџиска и асс. Кристина
Леловац
Индивидуалните
и групни импровизации, инспирирани од кратките раскази на Данил Хармс, меѓу кои
„Стариците што паѓаат“, „Симфонија“, „Почеток на убавиот летен ден“, „Случки“,
неговите песни „Несега“, „Пиф Паф Пуф“ и „Милион“, неговите кратки дневнички
записи и документите од истрагите и судењето во процесот воден против него од
НКВД како против антисоветски елемент, се основа на „Во потрага по Данил
Хармс“. Испревртениот свет од литературата на Хармс – недостатокот на логика и
конкретност, постојаното испреплетување на реалноста и фантазијата, на сништата
и кошмарите, карактерите без индивидуалност и интегритет и неочекуваните
пресврти – ја сочинуваат тематската рамка на претставата. Сепак, претставата раскажува
и приказна за луѓе кои живеат во свет во кој дури и најситното отклонување од
толпата е детектирано како сомнително и најтивкиот шепот е дочуен и запишан да
биде употребен во некоја обвинителна постапка.
„Во потрага
по Данил Хармс“ во Виница ќе ја има својата трета изведба воопшто. Во јуни
годинава учествуваше на интернационален фестивал во Братислава – Istropolitana
Project 2012, избрана со
конкуренти од цел свет.
Играат: Дениз Абдула, Ивана Атанасова, Ирена Илиевска, Мартин Јовчевски, Бојан Лазаров, Емилија Мицевска, Александар Михајловски, Мартин Петровски, Жарко Спасовски, Дени Стојанов, Наталија Теодосиева, Игор Трајковски, Александар Велјановски
петок, 31 август
локација: Сина сала (Дом на култура)
почеток: 20:00ч.
влез: 50 ден.
*Картите можат да се подигнат во кафе ВИП и во Домот на културата
Billy Esteban е музичар од с. Истибања кој ќе изведе етно-амбиентални композиции со негова сопствена авторска музика и аранжмани. Слушнете некои од неговите композиции издадени на неговото цеде My Freedom: